Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕРАБОТНА НЕДЕЛА ДУРИ ОД ЕСЕН: Колкава ќе биде дневницата на тие што ќе работат?

НЕРАБОТНА НЕДЕЛА ДУРИ ОД ЕСЕН: Колкава ќе биде дневницата на тие што ќе работат?

Сеуште се крчкаат измените во Законот според кој Македонија ќе и се придружи на европската директива и поголем дел од работниците кои работат и во недела, ќе бидат слободни.

Сепак, иако финишот на Законот е при крај, со цел економијата да застане на нозе после пандемијата со корона вирусот, овој предлог ќе почне со примена најверојатно од есен.

Она што многумина го поставија како прашање е колку ќе изнесува дневницата на оние кои ќе работат во недела, а од надлежното министерство велат дека работникот кој ќе  треба да добие повисока дневница за 50 отсто.

Тоа значи дека оној што ќе работи во недела ќе мора да да добие една и пол дневница ама и слободен ден.

Ако помине предлог законот, големите молови нема да работат бидејќи според предлогот, како што кажа и министерката Јагода Шехпаска се предвидува да работат само трговски објекти со површина до 200 квадратни метри кои с енаоѓаат во склоп на бензиски пумпи на граничните премини на аеродромите, автобуските станици и железничките станици. 


Прчитајте и за:

* Занаетчиите сакаат субвенции за плата: Пекарите, козметичарите и фризерите ќе работат и во недела

* КОЈ СЕ ЌЕ БИДЕ ИСКЛУЧОК: Неофицијално за овие дејности недела нема да биде неработен ден

Слично

Поврзани вести