Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕРАБОТЕН ДЕН: „Ден на дрвото“ во Македонија

НЕРАБОТЕН ДЕН: „Ден на дрвото“ во Македонија
Денешниот ден е неработен во Македонија заради акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, што се одржува по 14-ти пат. Акцијата овојпат се одржува под мотото „Стоп за катастрофите“. Според плановите, во оваа зимска акција, која симболично стартува денеска, а ќе продолжи и во наредните денови, се очекува да бидат засадени околу 4,5 милиони садници на површина од 1.107 хектари ноз цела Македонија. Приоритет ќе биде пошумување на голи и опожарени површини, објаснуваат од „Македонски шуми“. „Ќе се изврши пошумување на цела Македонија и ќе бидат засадени 4.471.000 дрвца. „Македонски шуми“ ќе засади 7.200 повеќегодишни садници од чемпрес на автопатот од Куманово до Демир Капија, а од Смоквица до Гевгелија во средишниот простор ќе бидат засадени 7.200 олеандри“, објасни за МИА помошникот директор на сектор за одгледување, подигање, екологија лов и ловен туризам во „Македонски шуми“ Златомир Бибоски. Истовремено, „Македонски шуми“ ќе отстапат 24.000 повеќе годишни садници за пошумување во урбани средини, како и 83.000 декоративни садници од пруја, јасен, јавор, бреза, чемпрес и други украсни дрва за пошумување на паркови. На четирите гранични премини со Албанија ќе бидат засадени 200 повеќегодишни декоративни дрвја. Денот е прогласен за неработен за поголема масовност на акцијата, а општините организираат и бесплатен превоз до локациите каде што се пошумува. Акцијата „Ден на дрвото“ се одржува седма година и до сега преку неа се засадени околу 50 милиони садници.
Слично

Поврзани вести