Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непристојни коментари и навреди по раѓањето на синот на српската премиерка

Непристојни коментари и навреди по раѓањето на синот на српската премиерка

Непристојни коментари го дочекаа раѓањето на синот на српската премиерка Ана Брнабиќ чија партнерка го роди Игор.

Медиумите од регионот но и светот ја пренесоа веста дека премиерката на Србија стана „татко“.

Лавина од коментари кои и честитаат на Брнабиќ, но има и такви кои ја осудуваат.

Потпретседателката на Владата Зорана Михајловиќ ги осудила непристојните коментари и навреди на социјалните мрежи.

Се породи партнерката на српската премиерка, Србија не признава истополови бракови

-Секое дете кое се роди во Србија заслужува добредојде кога дојде на свет, а не да биде дочекано со грди зборови и навреди. Можете со некој политички да не се сложувате, да го критикувате, напаѓате , но е недозволилво детето кое тукушто се роди да се користи за напад на политичките неистомисленици“, рекла таа.

-Ако мислиме дека како општество имаме иднина, мораме да биде способни за минимун согласнот околу некои вредности и цели, а тоа е сите да сакаме децата во Србија да имаат сигурност и заштита и државата треба да работи на создавање подобра иднина за сите деца-додала министерката.

Имено, Србијане ги признава истополовите бракови, а после се можеби и нешто ќе се промени на тоа поле.

Слично

Поврзани вести