Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПОЖЕЛНИ ВО РУСИЈА: Путин го избрка Џорџ Сорос и неговата фондација

НЕПОЖЕЛНИ ВО РУСИЈА: Путин го избрка Џорџ Сорос и неговата фондација

Јавното обвинителство на Русија го прогласи присуството на фондацијата на Џорџ Сорос “Отворено општество” за непожелно на територијата на земјата, пренесе lenta.ru.

Тоа значи дека оваа организација ќе треба да ги прекине активностите во фондацијата.

До оваа забрана на „Отвореното општество” дојде откако во јули руското обвинителство утврдило дека работењето на фондацијата претставува закана за “уставниот поредок” во земјата.

Според законот невладини организации, Русија му забранува активност бидејќи „ таа се заканува на уставниот поредок, безбедноста и нејзината одбранбена способност. Првата, која се најде под ударите на новиот закон, беше Националниот фонд за поддршка на демократијата.

Во листата на фондации, чие дејство е непожелно во Русија, спаѓаат 13 организации, дополнува lenta.ru.

Слично

Поврзани вести