НЕПОВОЛНИ БРОЈКИ: Колку луѓе во светот се без работа?
Бројот на невработени во светот оваа година може да порасне за 3.4 милиони затоа што економскиот раст е мал и бавно се отвораат нови работни места.
Ова е проценка на Меѓународната организација на труд.
Бројот на невработени во светот може да се искачи над 201 милион.
Стапката на невработеност може да биде 5.8% од 5.7% лани.
Во 2018 година овој тренд треба да се забави и да се зголеми бројот на вработени за 2.7 милиони.
Се нагласува дека во Северна Америка и Европа има долгорочна невработеност како за време на кризата.
Проблемот со невработеноста е изразен во Латинска Америка, но и во Африка каде економскиот раст е слаб две децении по ред.
Слично
