Неплатена кирија била причина за масакрот во Цетиње?
Вук Бориловиќ(34) кој уби 11 лица и повреди шестмина во Цетиње до скоро се лечел во психијатриска установа, а масакрот го извршил по кавга со своите потстанари за неплатена кирија, пишува српски Телеграф. Тој се расправал со жената потстанар да му ги плати сметките, а негде околу 16 часот во куќата пристигнал семеен пријател. Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на пријателот со својата ловечка пушка, а потоа излегол на улица и продолжил да пука по луѓето надвор.
Но, според верзија од Стандард, која ja пренесува Блиц, тој прво ја убил жената, која е именувана како сосетка и му се јавил на нејзиниот сопруг да му каже дека ја убил неговата сопруга. Еден од соседите се обидел да ги спаси децата кои според неофицијални информации се сокриле од вратата, но Бориловиќ ги убил и нив и М.М. кој се обидел да ги спаси. Бориловиќ го бркал М.М низ дворот пред да го убие.
фото: твитер/принтскрин