Непалец oткри колку заработува во Романија
Во согласност со Законот за странци, во Хрватска во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година се издадени вкупно 170.723 дозволи за престој и работа, од кои повеќе од 37.000 се издадени на граѓани на Непал.
Во јануари оваа година, на граѓани на Непал им се издадени 2.159 дозволи, што е речиси двојно помалку од минатата година, кога во јануари на граѓани на таа земја им беа издадени 4.309 дозволи.
Странските работници од Далечниот Исток доаѓаат не само во Хрватска, туку и во други земји од Европската Унија. Една од нив е Романија, од која деновиве доаѓа веста што ги потресе социјалните мрежи. Во виралното видео на TikTok, кое собра речиси три милиони прегледи и илјадници коментари за два дена, неименуваниот Непалец раскажа како заработува 4.000 леи, или нешто повеќе од 800 евра, месечно во Романија. Како што тврди, неговиот работодавач му обезбедува сместување и храна, па затоа не мора да издвојува пари за овие трошоци, пишуваат медиумите од регионот.
Работникот наведува дека работи осум до девет часа на ден, пет дена во неделата. Поголемиот дел од платата ја испраќа на своето семејство во Непал.
„Праќам дома 3.000 леи (590 евра) месечно. Понекогаш 3.500 леи (690 евра)“, рече тој.
Додаде дека веќе има многу пријатели кои дошле да работат во Романија и дека се очекува да пристигнат повеќе работници од Непал, објавува Либертатеа.
Видеото предизвика бројни реакции кај Романците. Коментарите покажаа поделени мислења за платите и работната сила.
„Украинците - 6.000 леи од државата, овие - 4.000 леи, а мојот татко - 1.300 леи пензија по 40 години работа! Убаво“, напиша еден корисник.
Економскиот аналитичар Андреј Карамитру коментираше на темата на Фејсбук и рече дека малкумина успеваат да испратат дома 3.000 леи месечно.foto printskrin TikTok
