Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОПХОДНО Е РАСТОТ ДА ПРОДОЛЖИ: Производството покажа знаци на закрепнување!

НЕОПХОДНО Е РАСТОТ ДА ПРОДОЛЖИ: Производството покажа знаци на закрепнување!
Индустријата конитинуирано расте во последниве речиси година и половина. Речиси 15 месеци индустриското производство во Македонија бележи раст. Премиерот Груевски смета дека е тоа добра вест, бидејќи смета дека реформите го даваат посакуваниот резултат. - Одличен податок е веста што вчера ја слушнавме од Државниот завод за статистика дека во ноември годинава во оснос на ноември лани имаме раст на индустриското производство од 5,8 отсто, односно 5,2 отсто за првите 11 месеци од оваа година споредено со првите 11 месеци од минатата година. Тоа покажува дека 15 месеци по ред расте индустриското производство. Петнаесет месеци без исклучок секој месец имаме раст на индустриското производство и тоа е одличен показател за движењето на економијата. Не само што имаме во првите три квартали втор највисок раст на вкупната економија на БДП во Европа, веднаш по Англија, туку и што е во делот на индустриското производство што е значајно за Македонија. Тоа укажува дека мерките што се преземаат, реформите што се прават, охрабрувањата што се даваат за македонските компании, соработката меѓу Владата и државните институции со стопанските комори и директно со компаниите во правец да им се помогне даваат резултат, рече премиерот Груевски. Експертите сметаат дека е неопходно растот да продолжи, бидејќи се досега ваквите резултати беа враќање од претходниот континуиран пад на економијата. Проценка на НБМ Инаку, според проекциите и оценките во Фискaлната стратегија на НБРМ, во следните неколку години ќе продолжи темпото на економски раст и на индустриското производство, пришто просечната стапка на раст на БДП ќе изнесува 4,2%. “Во периодот 2015-2017 година се очекува растот на економската активност во Република Македонија да изнесува 4,2% во просек, со изгледи за одредено интензивирање на растот. Така, во 2015 година економскиот раст се очекува да изнесува 4%, во 2016 година 4,2% и во 2017 година 4,5%.“ – се вели во Фискалната стратегија. Според анализите, индустриското производство ќе продолжи да расте со просечна стапка од 4,8%. Раст се очекува во речиси сите други сектори. “Градежништвото во набљудуваниот период се очекува да оствари просечна реална стапка на раст од 7,8%, како резултат на планираните инфраструктурни проекти и најавените инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони. Услужниот сектор, кој има најголемо учество во создавањето на БДП, се очекува да забележи просечна реална стапка на раст од 3,6% во анализираниот период, додека земјоделството раст од 2,3%“ – се посочува во стратегијата. македонската економија најголемите ризици ги гледа од надвор. “Остварувањето на ризиците за полоши економски остварувања во ЕУ и другите трговски партнери на земјата може да ги влоши изгледите за растот на економската активност во Република Македонија. Евентуалното пролонгирање на европската должничка криза и послабата динамика на раст на економската активност може неповолно да се одрази врз извозот и индустриското производство, воздржување на инвеститорите и понизок прилив на капитал во земјата.“ – се констатира во Фискалната Стратегија.
Слично

Поврзани вести