Неограничена помош од ЕБОР за Грција
Акционерите од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) едногласно денеска изгласаа почеток за примена на инвестициониот програм за Грција во наредните пет години.
Според зборовите на претседателот на ЕБРД Сума Чакрабарти, нема да постои лимит за вредноста на вложување во инвестициите за Грција.
„Нема да има ограничувања“, изјавил Чакрабарти, а вредноста на инвестицијата зависи од потенцијалниот проект.
Тој додал дека експертите на банката требало да почнат преговори со грчките власти за потенцијалните проекти.
Минатата грчка влада на крајот од минатата година поднела барање да стане „земја на дејствувањето“ на ЕРБД, со цел таа финансиска институција да ги одбере за своите вложувања. Тој процес е одложен поради неизвесностите на вонредните парламентарни избори во Грција, кои беа одржани во јануари оваа година.
„Минатонеделното четиримесечно продолжување на програмот за помош на Грција повторно го врати на сила тој процес, па акционерите на ЕБОР (64 земји плус Европсакта унија и Европската инвестициона банка) едногласно го изгласале тој предлог“, изјавил Чакрабарти, и додал дека кредитирањето на малите и средни претпријатија во Грција може да почнат многу брзо.
