Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Неограничена ликвидност“ на банките може да дозволи Турската Централна банка

„Неограничена ликвидност“ на банките може да дозволи Турската Централна банка

Турската Централна банка денеска објави дека ако има потреба ќе дозволи „неограничена ликвидност“ на банките за да се зачува финансиската стабилност на земјата по обидот за државен удар.

Оваа одлука е донесена на вонредна седница на Централната банка на која се разгледуваа неопходните мерки.

По неуспешниот обид за симнување од власт на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се намали вредноста на турската лира односно од 2,87 лири за долар го премина прагот од три лири за долар. Во еден момент еден долар се менуваше и за 3.02 лири.

Лирата „потона“ веднаш по обидот за државен удар во земјата. Петок беше „црн ден“ за лирата затоа што оваа валута падна за околу 5% во однос на доларот, што е драматичен пад на валутата.

Слично

Поврзани вести