Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто
ЕВН Хоум оваа недела до Регулаторна комисија за енергетика ќе предложи цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто од 1 јануари 2026.
Во пресметката на универзалниот снабдувач е вкалкулирана и новата цена од 65 евра по мегаватчас која ЕСМ ќе му ја продава од следната година.
Според информациите од ЕВН Хоум за Телма, откако ќе се соберат сите трошоци и ќе се аплицира маржата за универзалниот снабдувач од 9,9 проценти се добива зголемување на вкупната цена за домаќинствата, со вклучена мрежарина во просек од 5,9 отсто.
РКЕ се очекува од следната недела да потврди дали пресметката е добра или ќе треба да се коригира.
Слично
