НЕОФИЦИЈАЛНО: Минчо Јорданов се откажа од Металург?!
Нова шокантна инфрмација доаѓа денеска кај тимот на Металург.
Според телеграф.мк најновата „бомба“ кај тимот од Автокоманда е тоа што неофицијално Минчо Јорданов се откажува од Металург.
Според неофицијалните информации целата ситуација тргнува од синоќа, кога на вечерниот тренинг првпат по пет години, откако е на кормилото на тимот, Лино Червар не се појавил на тренинг, а шпекулациите велат дека бил на состанок со сопственикот на клубот, кој го информирал дека ќе се повлече од финансирањето на клубот, пишува Телеграф.мк.
Ракометарите на Металург немаат никакви официјални сознанија за ваквата информација и сите се во исчекување во која насока ќе се движи судбината на клубот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
(Извор: Телеграф.мк)
Слично
