Неодговорност кон младата популација
Имајќи ги во вид економските збиднувања внатре во Македонија, тенденцијата на наплатата на приходите, многу лошата структура на расходите во Буџетот, како и динамиката на трошењеа, особено за непродуктивни цели (плати, социјални надоместоци и сл..), како и торшења во проекти како Скопје 2014, неоправдано и економски неиздржано е понатамошно зголемување на буџетскиот дефицит и на јавниот долг, вели за Фактор универзитетскиот професор Предраг Трпески.
„Последниот ребаланс на буџетот, покажува дека интенциите не се во насока на реализирање на капитални расходи, туку во непродуктивни цели..Економската логика покажува дека задолжувањата би биле оправдани во продуктивни проекти каде Република македонија заостанува во регионот (патна, железничка инфраструктура, енергетски проекти, комунална инфраструктура) ..
Иако, претходно го поблематизиравме нивото на јавниот долг, сега се надминува и црвената линија..Со евентуалното ново задолжување од 650 милиони евра, особено по ревидирањето на проекцијата за растот на БДП, повеќе од сигурно е дека јавниот долг ќе надмине 55% од БДП..
Ова ја покажува несериозноста и неодговорноста и на владата и на новиот министер за финансии, кон граѓаните, а особено кон младата популација..
Инаку, да не не чуди тоа што оваа еврообврзница ќе биде поскапа од сите претходни (со икслучок на онаа од 2009 година, која се издаде во услови на глобална економска криза). Каматата на оваа еврообврзница, дефинитивно ќе биде повисока, а причината за тоа е ситуацијата во нашата земја, особено политичката криза“ вели Трпески.
Слично
