Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОЧЕКУВАНО: Значајно се забави градежната активност!

НЕОЧЕКУВАНО: Значајно се забави градежната активност!
  Наспроти силниот раст на градежната активност во изминатите две години, од почетокот на оваа година се забележува значително забавување на динамиката на раст, се наведува во извештајот на НБРМ за октомври. „Така, во вториот квартал од 2014 година продолжи забавувањето на годишниот раст на додадената вредност во градежништвото, додека вредноста на извршените градежни работи забележа пад. Од аспект на типот на градежни објекти, послабата градежна активност се објаснува со пониската изградба на станбени згради, како и со падот на активностите во доменот на хидроградбата. Останатите активности од областа на високоградбата и нискоградбата бележат умерен годишен пораст, стои во извештајот на НБРМ. Сепак, ваквите поместувања, согласно со резултатите од Анкетата за деловните тенденции во градежништвото, Народната банка ги оценува дека најверојатно се од привремен карактер. „Имено, раководителите на градежните претпријатија ја оценуваат тековната состојба во овој сектор како поповолна во однос на претходниот квартал, што придонесе за пооптимистички очекувања за третиот квартал во поглед на состојбата со продажните цени и вработеноста во овој сектор, додека очекувањата за идните нарачки остануваат стабилни“, стои во извештајот на НБРМ. Од факторите кои што делувале ограничувачки врз растот на градежната активност, раководителите ги издвојуваат зголемените трошоци за материја ли и труд, обезбедувањето на кредити те и недостигот на обучен кадар, како фактори чие што негативно влијание било поизразено во вториот наспроти првиот квартал. Забавувањето во градежништвото влијае и врз темпото на раст на вработеноста Во однос на вработеноста НБРМ констаира дека во второто тримесечје на 2014 година, бројот на вработени продолжи да расте на годишна основа  со раст од 1,3%, со што девет квартали во континуитет овој показател се одржува во зоната на позитивни годишни промени. „Сепак, со оглед на динамичниот раст на вработеноста во изминатиот период, од почетокот на 2014 година, темпото на раст на бројот на вработени лица забавува, се наведува во извештајот на НБРМ. Анализирано според динамиката, податоците за вториот квартал упатуваат на значително забавување на растот споредено со претходното тримесечје, но и во однос на движењата во претходната година кога вработеноста, во просек, се зголеми за околу 4%. „Забавувањето на растот во најголем дел се објаснува со падот на вработеностa во градежништвото, одразувајќи ја високата споредбена основа од претходната година кога бројот на вработени лица се зголеми за речиси 30%. Високиот раст на вработеноста во овој сектор во првата половина од 2013 година соодветствува со интензивната градежна активност што во голем дел се поврзува со јавно финансираните градежни работи и странските инвестиции во недвижности во овој период. Дополнителен придонес кон забавениот раст на вработеноста во вториот квартал од 2014 година има и падот на вработеноста во преработувачката индустрија, наспроти интензивниот раст на вработеноста во оваа дејност во претходниот квартал. Ваквите поместувања, условија забавување на годишниот раст на стапката на вработеност, којашто во вториот квартал бележи поумерен раст од 0,4 процентини поени и достигна 41,1% (наспроти растот од 1 процентни поени во претходниот квартал),  е наведено во извештајот на НБРМ. Сепак, изгледите во поглед на движењата на пазарот на труд до крајот на годината остануваат поволни. Имено, според сигналите од анкетите за деловните тенденции  се забележува умерено јакнење на оптимизмот споредено со претходниот квартал. Ваквата тенденција соодветствува со позитивните придвижувања во домашната и со глобалната економија. Н.С.
Слично

Поврзани вести