Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: Еврозоната излезе од негативна зона

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: Еврозоната излезе од негативна зона

Инфлацијата во еврозоната во јуни неочекувано излезе од негативна зона, според прелиминарните проценки на европските служби за статистика на Евростат.

Тоа е сигнал дека поттикнувањата на Европската централна банка почнале да даваат резултат во пресрет на одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.

Потрошувачките цени во јуни пораснале за скромни 0,1 отсто, откако во мај паднале за 0,1 отсто, наведува Евростат, пренесе Франс прес.

Во јуни, базната инфлација забрза на 0,9 отсто од 0,8 отсто од мај, соопшти Евростат.

Овие податоци се над прогнозите на аналитичарите, кои во анкета на компанијата Фактсет предвидувале нулта стапка на инфлација, и исто така се добра вест за ЕЦБ која презема бројни напори како би ги подигнала цените во еврозоната.

Слично

Поврзани вести