Неочекуван потег на Владата или замачкување на очи: Државниот испит се одлага!
Експресно денеска премиерот свика средба на претставници од Студентскиот пленум и УКИМ зад затворени врати во Владата.
На средбата се разговарало за новите Законски измени кои веќе се изгласани во Собарание и со нив се воведува државен испит на факултетите, при што начелно бил постигнат договор овие законски измени да бидат одложени и за две години да почнат да се применуваат од 2018-та година, а начинот на избор на научни звања, како и промената на кредит трансфер системот од 300 на 360 кредити се ставени во мирување.
Оваа средба заврши предмалку, а студентскиот пленум на социјалната мрежа и нивниот профил потенцира дека денес ништо не било договорено, туку премиерот излегол со ПОНУДА и дали ќе се прифати ќе одлучат сите студенти заедно.
Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски изрази благодарност до Владата што ги сослушала нивните барања и ги разбрала и истовремено бил прифатен прдлогот овие одредби кои што се дискутабилни да бидат ставени во мирување односно да имаат одложена примена .
Во меѓувреме, УКИМ и МОН , како и другите универзитети ќе бидат отворени и ќе пристапат кон сеопфатна анализа од која што во најкраток можен рок ќе произлезат нови предлози и за подобрување на овој закон истакна ректорот Стојковски.
Константин Битраков од Студентскиот Пленум вели дека во поглед на барањата на студентскиот пленум има согласност со тоа што во периодот додека е одложена примената постојано ќе ги излагаат нивните барање , аргументи и ставови дека овие одредби треба целосно да бидат укинати.
-Постигнавме заемна согласност дека ќе биде одложен Законот однсоно сите измени и дополнувања кои што беа последни донесени и одлагањето на Законот претставува голем исчекор за нас, вели Константин Битраков од Студентскиот Пленум.
Студентите допрва ќе одлучуваат дали окупацијата на факултетите која што ја најавија ќе ја спроведат, бидејќи сепак не одлучува еден туку голема маса на студенти.
Од друга страна изненадува фактот што преку ноќ Владата го смени игнорантскиот однос и однесување кон студентите во изминативе месеци кога широка универзитетска маса излегуваше на протести за време на колоквиумски сесии да каже НЕ за новите законски измени.
Дали последниве случување во земјата имаат некаво влијание врз одлуката на Владата, или сепак надлежните размислиле за ваквите законски измени и нивото негативно влијание врз идните академци?
