Неочекуван потег на Путин предизвика голем пад …
Руската влада неочекувано го запре процесот на продажба на својот дел во нафтената компанија Башнјефт, пренесе Франс прес повикувајќи се на руските медиуми.
Приватизацијата на таа комапнија е планирана во рамки на програмот на приватизација наменет за подигање на ниските финансиски резерви на Русија.
Одлуката за одложување на продажбата на Башнјефт на неодредено, која наводно ја донел Медведев, со согласност на Путин, доаѓа откако руското министерство за економија собрало понуди на компании заинтересирани за државен дел во Башнјефт, кој се проценува на 4,7 милијарди долари.
Руската влада поседува 50,8 отсто акции во таа комапнија, додека 25 отсто плус една акција се наоѓаат во сопственост на регионот Башкортостан, каде е седиштето на Башнјефт.
Акциите на Башнјефт, после утринското отворање на Московската берза, паднале за 10 отсто.
Руската економија е соочена со долга рецесија, која, како што наведуваат агенциите, е последица на ниските цени на нафтата кои се клучен извор за буџетските приходи на земјата.
