Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОБИЧНО: Во 35 општини имаат само по еден кандидат за градоначалник

НЕОБИЧНО: Во 35 општини имаат само по еден кандидат за градоначалник

Во 35 општини во Албанија во трката за градоначалник има само по еден кандидат.

На локалните избори закажани за 30 јуни, во 35 од 61 општина, во трката за градоначалник се наоѓа само по еден кандидат и тоа од владејачката изборна коалиција Алијаса за европска Албанија, предводена од Социјалистичка партија на албанскиот премиер Еди Рама.

Коалицијата со свои кандидати учествува во сите општини.

Во другите 26 општини во трката за градоначалник се и кандидати од неодамна регистрираната партија Демократско убедување (17), седум независни кандидати и по еден на коалицијата Надеж за промени, на партијата на Македонците – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на грчката партија Мега, на Комунистичката, Конзервативната и на партијата Нов демократски дух.

МАЕИ на овие избори со свој кандидат и листа за советници учествува во Пустец. Во трката за градоначалник во оваа општина силите ќе ги одмерат двајца Македонци, Едмонд Темелко од МАЕИ, кој ќе се бори за четврт мандат и Пали Колевски од Социјалистичката партија.

Слично

Поврзани вести