Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неновски:Да се внимава со задолжувањата

Неновски:Да се внимава со задолжувањата
Во делот за растот на јавниот долг,  треба постојано да се перцепира и да се анализира во колкава големина е. Да не се дозволи да надмине некои оптимални големини односно максимално до 40 отсто од БДП.  Мојата препорака е да се има внимателност кон натамошното зголемување на јавниот долг за да не почне тоа натаму да се рани само од себе , предупреди универзитетскиот професор Томе Неновски.
За него добро е што има позитивна оценка за монетарната политика и за стабилноста на вкупниот финансиски систем и  во тие рамки на банкарскиот систем. „Најголемата приодобивка што Македонија ја има во ова врема,  на,  според мене,  најголема економска криза во историјата на човештвото , е стабилноста и здравоста на банкарскиот систем во земјава“ додава Неновски.
„Се разбира има и слабости кои се лоцирани.  А посебно е потенцирана стапката на невработеност како проблем на кој треба да се посвети посебно внимание во следниот период и покрај сите напори и намалувања кои ги имавме во претходниот период сепак стапката од 31 процент е висока и тоа најголемиот предизвик со кој ќе се соочат властите во земјава во наредните години , бидејки тоа не е период што се решава за одеднаш“, завршува Неновски.
Слично

Поврзани вести