НЕНАЈАВЕНА СРЕДБА ОД ДВА ЧАСА: Зошто се сретнаа Вучиќ и Хан?
По 13 часот во Белград е завршен состанокот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и европскиот комесар Јоханес Хан.
Двајцата разговарале околу 2 часа, а се проценува дека главна тема на разговорот била одлуката на Приштина за такси на производите од Србија, со што прекршила СПП и ЦЕФТА договорите, како и одбивањето на Приштина да го уважи барањето на Брисел за повлекување на таа мерка.
Средбата на Хан и Вучиќ не била официјално најавена а комесарот според претходна најава од Србија заминува попладне во Приштина, пренесоа српските медиуми.
(Фото Танјуг)
Слично
