Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ненадејна инспекција – Бучим го „исушија“ со казни

Ненадејна инспекција – Бучим го „исушија“ со казни

Две глоби во вкупна висина од 123 илјади евра ќе треба да плати рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш, откако во ненајавена посета на Рудникот денеска беа претставници на Државниот инспекторат за животна средина, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и инспектори за техничка заштита и труд.

Глобата од 100 илјади евра ја изрекоа претставниците на Државниот инспекторат за животна средина затоа што раководството на рудникот во понеделникот не пријавило хаварија, односно истекување на отпадни материи во Меденска и Тополничка Река. За истиот инцидент уште 13 илјади евра треба да плати одговорното лице.

Пропусти биле откриени и во почитувањето на Законот за работни односи, како и во потребната техничка заштита на вработените. „Поради овие пропусти е изречена и втората глоба на рудникот Бучим во висина од 10 илјади евра за правното лице“, прецизира Спасов. Во изминатите два месеца при инспекциските надзори на рудниците Саса, Злетово и Бучим се изречени повеќе казни чија висина изнесува околу 260 илјади евра. Фото: Курир.мк
Слично

Поврзани вести