Немоќни синдикати, уништени вредности и зголемени работнички права?!
Синдикатите во Македонија се немоќни и речиси да немаат некое посериозно влијание на сцената, вели претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пеце Груевски. Според него синдикатите не го искористија периодот на транзиција за престројување и реорганизирање во моќна сила која ќе има влијание. Груевски посочува дека 20 години синдикалните организации се разденити и расцепкани, а за тоа вина имаат и сите досегшани влади. Односно, политиката сака да го има синдикатот под контрола, и не успеваат да го издигнат на високо ниво социјалниот дијалог.
„Ние сега имаме ситуација кога на пример претседател на синдикат бара средба со директор во една фирма или министер и тие наместо да бидат загрижени за барањето на средбата од страната на претседателот на синдикатот, се однесуваат лежерно. Воопшто не се загрижени, па дури и треба да се чека одредено време за таа средба или да не речам да молите за да се сретнете. Тоа никако не смее да биде така, но тоа говори во каква нерамноправна положба се наоѓаме“, вели Груевски.
Од почетокот на транзицијата па се досега, работничките права постојано се намалуваат, а сето тоа се прави под диктат на работодавачите, вели Груевски и додава дека работодавците секогаш, без исклучок успеваат повеќе да се наметнат кај власта без разлика која е таа. Односно, секоја власт се повеќе им угодува на работодавците, па затоа, вели Груевски се почесто слушаме изјави дека некое барање е донесено под притисок на бизнис заедницата, а никогаш под притисок на синдикатите.
За Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија пак урнато е синдикалното организрање е деградирано, и тоа ќе мора да се промени.
За лидерот на ССМ Живко Митревски пак од неговото доаѓање на функцијата претседател , состојбите се променети, а работничките права постојано се подобруваат. Воведен е нов пристап во социјалниот дијалог и преговарање со социјалните партнери кое го запрело падот на работничките права, што според Митревски бил присутен од 2005 до 2010 година. Митревски вели дека запофалба е донесувањето на Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Закон за европски работнички совети.

„Добро е што се воведе минималната плата во земјава. Но сумата е потценувачка. Понижувачка. Не може странските компании да доаѓаат тука за евтина работна сила. А, особено е проблем минималната плата за текстилната и кожарската индустрија каде е со одложено дејство иако токму тие се најзагозените работници, вели Груевски.Ристески: Синдикатот деградиран
За Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија пак урнато е синдикалното организрање е деградирано, и тоа ќе мора да се промени.
„Една од основните задачи на КСОМ треба да ни биде да го вратиме достоинството и важноста на функцијата што ја има синдикатот зашто таа денес е целосно деградирана и служи за потсмев и недоверба со иронија и омаловажување се зборува за синдикатот. Наша задача е да се грижиме за правата на работниците да веруваме повеќе во себе да бидеме поодговорни и похрабри само сплотени сите заедно ќе допринесеме за подобар и поквалитетен живот како за нас така и за нашите деца, смета Ристески, кој пак осоено го потенцира тоа што има проблем и при регистрацијата на одредени синдикати за сметка на други кои се заштитени.Митревски: Правата се подобруваат
За лидерот на ССМ Живко Митревски пак од неговото доаѓање на функцијата претседател , состојбите се променети, а работничките права постојано се подобруваат. Воведен е нов пристап во социјалниот дијалог и преговарање со социјалните партнери кое го запрело падот на работничките права, што според Митревски бил присутен од 2005 до 2010 година. Митревски вели дека запофалба е донесувањето на Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Закон за европски работнички совети.
„Во услови на најтешка криза не дозволивме да има масовни отпуштања на работниците, немаше намалување на платите туку напротив го донесовме Законот за минимална плата и со тоа од 2010 година па досега минималната плата ја зголемивме за 98,85 %, но не дозволивме и зголемување на границата за старосна пензија, иако на тоа инсистираа меѓународните институции, вели Митревски.Според податоците на Митревски во 2006 година 38% од работици не примиле плата, а со донесување на Законот за минимална плата сега само 1,2% од работниците не примиле плата. Според него гважно е потпишувањето на општиот колективен договор со приватниот секотр, но исто така важно е тоа дека повторно се воведува регресот за годишен одмор, односно К-15 за сите работници, што треба да се исплаќа од јули годинава. Тој смета дека довербата во синдкиатот не е доведена во прашање, особено бидејќи покажале дека се ензависне синдикат.
„Овој состав на ССМ не се вклучи во политички процеси, за ралика од претходно кога некои други даваа подршка за претседателски кандидати и се вклучуваа во слични политички активности. Рапидниот пад на работнички права е од 205 година, додека од 2010 година има раст на работничките права. Тоа покажува дека овој состав на ССМ е доследен лчувар на работничките права. И сето тоа покажува дека сме ензависне синдикат, вели Митревски.Сепак ССМ, нема намера да организра протести за Денот на Трудот 1-Мај.Туку ќе организра собир на плошта за оние граѓани кои ќе сакаат да ја видат новата кампања со која ќе се бара проемни на Законот за безбедност при работа. Инаку лани во Македонија имало 98 несреќи при работа од кои 28 биле со смртен случај. С.Н.
Слично