Економија, финансии, бизнис

Контакт

Немирни министри го налутија премиерот!

Немирни министри го налутија премиерот!
Вчерашната пресконференција во српската Влада, на која евроамбасадорот во Белград Мајкл Девенпорт на српскиот премиер Александар Вучиќ му го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија кон ЕУ, ја одбележа и една необична анегдота, објави „Блиц“. Среде пресконференција на еден од присутните министри му заѕвонел мобилниот телефон. Вучиќ остро искоментирал: „Дисциплината во Владата уште не ни е на потребното ниво!“, им се обратил на министрите со прекор сличен како класен раководител. Од министрите веќе не се слушнал никаков звук до крајот на пресконференцијата. На настанот биле присутни четворица српски министри - Велимир Илиќ (задолжен за вонредни ситуации), Срѓан Вербиќ (образование и наука), Никола Селаковиќ (правда) и Жељко Сертиќ (економија), но ниту еден потоа не сакал да признае кој го разлутил премиерот со својот мобилен телефон.  
Слично

Поврзани вести