Економија, финансии, бизнис

Контакт

Немирите во Казахстан ја зголемија цената на ураниумот

Немирите во Казахстан ја зголемија цената на ураниумот

Немирите во Казахстан, кој располага со 40 отсто од светските резерви на ураниум, ја подигна неговата цена на светските берзи за речиси осум отсто, пишува Блумберг.

Цената на ураниумот на светските пазари порасна за речиси осум отсто поради немирите во Казахстан, пишува Блумберг, повикувајќи се на податоци од специјализираната платформа UxC, една од водечките светски компании за истражување на пазарот и анализи во нуклеарната индустрија.

Според податоците на UxC, цената на ураниумот на светските берзи во средата порасна на 45,25 долари за фунта (околу 450 грама). Ден претходно цената на една фунта ураниум беше 42 долари, така што дневниот раст беше околу осум отсто.

Блумберг потсетува дека Казахстан произведува околу 40 отсто од светските резерви на ураниум. Претходно беше објавено дека поради протестите во таа земја акциите на казахстанската компанија „Казатомпром“, која се занимава со екстракција на природен ураниум, на лондонската берза паднаа за 8,8 отсто.

Во меѓувреме се огласи и од компанијата Казатомпром, која соопшти дека работи нормално и дека немирите не влијаат на производството, ниту на извозот.

„Ископувањето на ураниум се одвива според планот, немаше доцнења. Компанијата ги исполнува своите договори за извоз“, изјави портпаролот на компанијата за Ројтерс.

Казахстан прогласи вонредна состојба во средата по протестите предизвикани од поскапувањето на бензинот, кои прераснаа во бунт со загинати и ранети.


Слично

Поврзани вести