Економија, финансии, бизнис

Контакт

Немили настани да не се користат за меѓуетнички тензии – апелира МВР

Немили настани да не се користат за меѓуетнички тензии – апелира МВР

Министерството за внатрешни работи апелира вакви немили настани, како смртта на четиригодишното дете Алмир Алиу, да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии.

Од МВР соопштуваат  дека веднаш по инцидентот со јавен обвинител при ОЈО Куманово извршиле увид на местото на настанот и ги преземаат сите потребни мерки за расчистување и за документирање на настанот.

Против пет лица на 26 јуни 2016 година кумановската полиција поднесе кривична пријава поради постоење основан сомнеж дека првопријавениот Б.И.(30) сторил кривично дело убиство по член 123, став 1, во врска со член 19, односно обид, а другите пријавени лица, Б.И. (23), С.А. (36), С.Д. (36) и А.А. (32), поради постоење основан сомнеж за сторено кривично дело насилство. Од страна на судија на претходна постапка на првипријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Слично

Поврзани вести