Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМААТ ВРЕМЕ ИЛИ НЕ ПОТПИШУВААТ ЛИЧНО: граѓаните не ги читаат договорите за мобилна телефонија, надвор од земјата преферираат Wi-Fi мрежа

НЕМААТ ВРЕМЕ ИЛИ НЕ ПОТПИШУВААТ ЛИЧНО: граѓаните не ги читаат договорите за мобилна телефонија, надвор од земјата преферираат Wi-Fi мрежа

Корисниците на телекомуникациските услуги во Македонија генерално се задоволни од цените и квалитетот. Сепак, најголемо задоволство меѓу цените и услугата има кај фиксна телефонија со 69,6 проценти, по што следуваат телевизија со 63,3 проценти, па интернет услуга со 62,4 проценти. На последно место е задоволство меѓу граѓаните од услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти. 

Ова го покажуваат резултатите од Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации.

Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Но кога станува збор само за квалитетот на услугите кои ги користат испитаниците, најголемо задоволство има од услугата мобилна телефонија со 79,6 проценти, па телевизија со 72,9 проценти, задоволни од квалитетот на услугата за услугата интернет со 70 проценти, додека најниско задоволство постои од квалитетот за фиксна телефонија, 69,3 проценти, се наведува во анкетата.

Кога станува збор за тоа колку се лојални корисниците на електронски комуникациски услуги, може да се каже дека повеќе од две третини од корисниците се лојални, односно лојалноста е највисока кај корисниците на услугата фиксна телефонија – 75,6 проценти, потоа следува услугата интернет каде 73,9 проценти од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, потоа услугата мобилна телефонија – 69,5 проценти, додека лојалноста е најниска кај корисниците на  услугата телевизија – 66,1 процент.

Најголем дел од испитаниците или 79,5 проценти слушнале за Агенцијата за електронски комуникации. И покрај тоа што висок процент на испитаници знаат за АЕК, повеќе од две третини или 69,9 проценти сметаат дека не се доволно информирани за постапката на АЕК за решавање на спор помеѓу краен корисник и оператор. Контакт центарот на АЕК на бесплатниот број го контактирале само 6,1 процент од испитаниците во 2025 година.

Најчесто испитаниците се информираат за понудите и поволностите во врска со телекомуникациските услуги преку интернет (79,5 проценти), потоа преку телевизија (50,2 проценти) и 25,9 проценти директно од операторот. За интернет страната www.komuniciraj.mk информирани се 19,7 проценти од испитаниците.

Корисниците не ги читаат договорите

Според резултатите од анкетата, една третина или 33,3 проценти од испитанците воопшто не ги читаат договорите што ги потпишуваат со давателитe на електронски комуникациски услуги, 35,4 проценти ги читаат пред да ги потпишат, а 31,4 проценти ги читаат откако ќе го потпишат или кога ќе настане некаков проблем. 

Причината која најчесто ја наведуваат поради која не ги читаат детално договорите е поради тоа што не ги потпишуваат лично договорите (32,5 проценти), немаат навика (21 процент) или немаат време (20,8 проценти). 

Повеќе од половина или 59,9 проценти од испитаниците сметаат дека операторите се придржуваат делумно до потпишаниот договор, додека 18,9 проценти сметаат дека операторите целосно се придржуваат до потпишаниот договор. Само 20,4 проценти од испитаниците се запознаени дека АЕК детално ги прегледува стандардните претплатнички договори на сите оператори и ги одобрува. 

Интернет преку мобилен користат 90 проценти 

Мобилна телефонија користат сите испитаници во примерокот. Корисници на мобилна услуга преку операторот А1 се 48,9 проценти, додека мобилна услуга преку Македонски Телеком користат 45,7 проценти од испитаниците. Од операторот Телекабел мобилна услуга користат 1,7 проценти, додека од МТел 3,6 проценти од испитаниците.

Најголем дел од испитаниците или 90 проценти користат интернет преку мобилниот телефон. Во врска со оваа услуга, може да се забележи дека најголем степен на задоволство кај испитаниците има во однос на достапноста и брзината на мобилниот интернет (92 проценти), додека понизок во однос на цената на услугата (78 проценти).

Почнувајќи од утре се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуг

Од АЕК констатираат дека може да се забележи тренд на зголемување на корисници на мобилна телефонија кои знаат што е роаминг во последните пет години. Од нив, само една четвртина или 24,4 проценти сметаат дека имаат добра понуда за роаминг, додека приближно половина или 52,3 проценти не знаат односно не се информирани за понудата за роаминг која ја имаат.

Услугата роаминг ја користеле 36,7 проценти од испитаниците, при што нешто повеќе од една третина или 36,1 проценти го консултирале операторот за совет пред да користат, а повеќе од две третини или 68,3 проценти пред да патуваат во странство се информираат за цената за користење на мобилен телефон во соодветната земја. 

Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС – 62,4 проценти, за разговори – 41,5 проценти и интернет – 29,6 проценти.

При патување во странство, мануелен избор на мрежа прават 45,1 процент од испитаниците. 

Цената е најважен фактор при избор на мрежа во странство, одговор кој го дале 33,1 процент од испитаниците, додека втор најважен критериум е познатост на операторот, одговор кој го дале 29,1 процент од испитаниците. 

Како алтернатива за намалување на трошоците во странство се користи Wi-Fi мрежа и апликации за комуникација преку Wi-Fi мрежа, според 76,3 проценти од испитаниците. За договорот за регионален роаминг знаат 52,3 проценти од испитаниците, при што две третини од нив веќе го користеле до сега. Најголем дел или 83,1 проценти сметаат дека е значително поефтин.

Според анкетата, фиксна телефонија користат 38,8 проценти, од кои поголем дел или 53,6 проценти ја користат услугата преку Македонски Телеком, а 39,8 проценти преку А1 операторот, 4,9 проценти преку Телекабел, додека 1,6 проценти преку Неотел. Приближно 70 проценти од испитаниците се задоволни од квалитетот на услугите, при што 75,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека повторно би го одбрале тековниот оператор. 

Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ-канали преку македонските оператори ќе биде прекинато. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал, едногла

За услугата телевизија телефонски приговори од една четвртина од корисниците 

Кај услугата телевизија,  45,6 проценти користат кабловски приклучок во своето домаќинство, додека IPTV користат 34,2 проценти од домаќинствата. Од испитаниците кои не се претплатени кај ниеден оператор, само 5,6 проценти планираат да се претплатат на некој телевизиски оператор во наредните 12 месеци. Во последните 12 месеци не се соочиле со никаков проблем 35,4 проценти од испитаниците кои се корисници на телевизиски приклучок, додека кај оние испитаници кои имале некаков проблем во последните 12 месеци со гледањето телевизија, проблемот најчесто бил: замрзнување /кочење на сликата (24,8 проценти) и прекини во приемот (23 проценти).

Приближно една четвртина или 23,8 проценти од испитаниците поднеле телефонски приговор за услугата телевизија до својот оператор од каде ја користат услугата, при што целосно задоволни од одговорот кој го добиле од операторот се 35,1 процент. Писмен приговор со операторот поденеле само 1,1 процент од корисниците на услугата за телевизија.

Фото: Unsplach

Извор и фото: МИА

Слично

Поврзани вести