Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот

Црна Гора речиси еден месец без ниту еден заразен со коронавирус. 

Земјата 28 дена официјално нема регистрирано случаи на заразени со Ковид-19. 

Институтот за јавно здравје соопшти дека од вчерашниот пресек анализирани се 86 примероци за коронавирусот.

„Бројот на активни случаи останува нула“, стои во соопштението.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани се 324 случаи на заразени, се опоравија 315, а девет починаа.

Премиерот Душко Марковиќ на 25 мај објави дека не се регистрирани потврдени случаи.

Црна Гора планира утре да се прогласи за ослободена од коронавирус според упатствата утврдени од Светската здравствена организација (СЗО).

Словенија го стори истото неодамна, но сепак подоцна пријави нови случаи.

Иако епидемијата во Словенија е прогласена за завршена, можноста за втор бран на заразата и понатаму е вистинска опасност, па на граѓаните им се препорачува секогаш и секаде да имаат маска при рака. 

За разлика од овие земји, во Македонија денес има црн биланс. 

Регистрирани се 7 починати, и 89 нови позитивни. 

Слично

Поврзани вести