Нема зима за Тетово и Полог!
АД МЕПСО денеска стави под напон новоизградени осум километри од 110 киловолниот далновод Вруток – Полог – Тетово. Со завршувањето на оваа делница денеска се пушта во погон 110 киловолтниот далновод што го напојува Тетово и неговата околина со електрична енергија од ТЕЦ Осломеј и од ХЕЦ Вруток.
За три месеци изградени се и ставени во функција нови челично – решеткасти столбови на 33 места на траса од осум километри. Новоизградениот дел од далноводот веќе е целосно функционален и поврзан преку постоечки вод со трансформаторската станица Тетово 1. Од АД МЕПСО истакнуваат со ова дека се подготвени за престојниот зимски период кога се очекува зголемен конзум за електрична енергија во регионот на Полог.
На завршните активности на реконструираниот далновод денеска присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Ваљон Сарачини и генералниот директор на МЕПСО Дејан Бошковски.
Слично
