Нема зима за Штерјо: ја изгуби „Алфа“, ама ја доби „Европа“!
Шпедицијата „Фершпед“ стана најголем акционер во скопската фабрика за чоколади и вафли „Европа“, откако за нешто повеќе од 120.000 евра ги купила акциите што досега ги поседуваше Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според официјалните податоци на Комисијата за хартии од вредност, станува збор за 9.489 акции, кои претставуваат 3,71 проценти од главнината на кодниторската компанија. Со нив, „Фершпед“ стигна до вкупно 22,5 отсто од сите акции и го надмина досегашниот најголем поединечен акционер „Макошпед“, кој поседува 19,8 отсто од акциите од „Европа“.
Трансакцијата, според податоците, била направена на 12 октомври. Фондот за ПИОМ ги понуди своите акциите на продажба по цена од 12,79 евра или вкупно 121.400 за целиот пакет.
Освен „Фершпед“ и „Макошпед“, значителен дел од сопственоста на „АД Европа“ поседуваат и фирмата „Вет фарм Трејд“ (16,8 %), и две физички лица: хрватскиот државјанин Боро Левентиќ (9 %) и косовецот Есамедин Хасани (8,5 %).
АД „Европа“ во сопствен откуп држи 10,4 отсто од акциите со право на глас.
Според информации што компанијата ги доставила до КХВ, во првата половина од годината „Европа“ остварила приходи од продажба во висина од 5,7 милиони евра, од кои како добивка и останале 170.000 евра, што е за 8 пати повеќе од истиот период лани. Компанијата има проценета номинална вредност од 13 милиони евра.
М.Г.

Слично