НЕМА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Пратениците од власта не гласаа за законот за медиуми
Предлог измените на Законот за медиуми не денеска не ја доби потребната поддршка од пратениците на владечката партија.
СО 64 гласа „против“ се изјаснија пратеницте на власта и ги отфрлија измените кои ги предложија опозициските пратеници по барање на новинарските здруженија и организации.
Овие измени предвидуваа реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми, како и целосно финасирање на МРТ од државниот буџет.
Опозиционерите велат дека со овој предлог Закон ќе се изврши целосна департизација, поготово во Советот на Агенцијата за медиумски услуги и во МРТ и истиот велат треба целосно да биде имплементиран.
Овој предлог Закон за за аудио и аудио визуелни медиумски услуги е речиси идентичен со оној што го предлагаше белгискиот олеснувач во преговорите на работните групи Питер Ванхауте.
Во договорот од Пржино беше предвидено и медиумите, и регулацијата на медиумите влезат во тоа да покрај другите услови коишто треба да се исполнат за фер и демократски избори, едно од барањата коишто го имаа и новинарските здруженија, коишто учестуваа во дел од преговорите од овој процес беше поднесено едно законско решение до Собранието кое што пратниците од опозоцијата го преточија во еден предог на закон.
