НЕМА ЗАПИРАЊЕ: Продолжуваат протестите во Скопје и ширум земјава
Демонстрантите кои веќе петта недела протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов кој помилува 56 лица осомничени за изборен криминал, синожа по втор пат ја обоија Триумфалната капија во центарот на Скопје во боите на „шарената револуција“.
Неколку илјади демонстранти го прославија Денот на победата, со порака дека ќе ја „продолжат борбата против елементи на фашизмот во македоснкото општество“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/lorikjegeni/status/729706628879155200?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Демонстрациите како и претходните вечери, тргнаа од СЈО, а после боењето на Капијата го завршија собирот пред Собранието, со порака дека „Борбата продолжува“.
Тие освен барањата за укинување на одлуката за аболиција, учесниците на протестот бараат неотповиклива оставка на Иванов, вклучување на независните претставници во решавање на кризата, формирање на преодна влада со задача целосно да ги спроведе реформските приоритети и одложување на превремените парламентарни избори кои се закажани за 5 јуни. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Dusheven_Nemir/status/729745722145394688?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Во Скопје вчера протестираше и албанскиот Опозиционен совет.
Неколку илјади Абанци кои носеле транспаренти со натписите „Против државен терор“, „Правда, демократија, достоинство“, „Црно-црвена револуција“ и албански знамиња побараа албанскиот Опозиционен совет да биде вклучен во преговорите за решавање на политичката криза во Македонија.
Протестите не запираат и вечерва. Засега не е познато што ќе биде во фокусот на вечерашните протести.
