Нема време за Субрата Рој, мора брзо да го враќа долгот
Индиските весници објавија дека Врховниот суд им упатил известувања на двете компании на Субрата, „Сахара Индија рил естејт корпорејшн“ и „Сахара хоузин инвестмент корпорејшен“, дека не ја испочитувале одлуката на судот, и не рефундирал 19.000 крори, или околу 3,5 милијарди долари на инвеститорите преку СЕБИ, пренесе Утрински Весник.
„Мора да доставите дефинитивен одговор до вторник“, истакнале судиите К.С Радакришнан и Ј.С. Кехар, кои го одложија процесот за 30 јули по молба на компаниите. Според нив групацијата „Сахара“ нема да добие дополнително време, и нема да може повеќе да бара одлагање на постапката.
Судиите ја донеле оваа одлука по молба поднесена од СЕБИ за непочитување на одлуката, според која, фирмите требале да ја исплатат целата сума кон инвеститорите. На последното рочиште на 17 јули Врховниот суд наведе дека првиот човек на групацијата Сахара, Субрата Рој и директорите на неговите две компании ќе треба да се појават пред него, ако не се испочитува одлуката. Инаку, Врховниот суд на 5 декември донесе одлука според која на фирмите на Субрата им определи период од девет недели за враќање на инвеститорите сума од 4,38 милиради долари, со 15 отсто камата.
Судот, исто така, наведе дека СЕБИ може да ја сопре продажбата на имот и да ги замрзне банкарските сметки на компаниите ако тие не ја рефундираат утврдената сума на пари, пишува Утрински.
Рој во Македонија најави низа инвестиции во земјоделието и хотелиерството.
Слично
