Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема веќе злоупотреби: Изедначена акцизата на маслото за загревање со нафтата

Нема веќе злоупотреби: Изедначена акцизата на маслото за загревање со нафтата

Владата на вчерашната седница по долги анализи и консултации одлучи со уредба да го промени Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на екстралесното масло за домаќинство со акцизата на дизелот како погонско средство и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на „црвената нафта“ спротивно на неговата намена. 

„Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, соопшти Владата.

Министерството за финансии долго размислуваше за ваквиот потег затоа што маслото за загревање го користат и многу домаќинства и институции со негова правилна намена, па се размислуваше и за евентуален поврат штом ќе се изедначат акцизите.

Инаку зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство и изедначување со акцизата на дизелот првично бараше Стопанската комора. Нивниот аргумент е дека транспортни компании ја злоупотребуваат оваа таканаречена црвена нафта како гориво, со тоа го оштетуваат и буџетот. Со употребата како погонско гориво овој нафтен продукт значајно ја загадува околината.


Слично

Поврзани вести