Нема веќе српски јазик во Црна Гора!
Уставниот суд на Црна Гора ги прогласи за неуставни измените во Законот за образование, со кој, мајчиниот јазик би се преименувал во црногорско-српски, босански и хрватски јазик и литература.
Ваквата одлука на судот потекнува од иницијативата на Матица црногорска и со неа се доведува во прашање употребата на српскиот јазик, објави Вечерње новости.
Матица црногорска во јануари 2012 година, до Уставниот суд, поднела иницијатива за оценка на одредбите од Законот за образование што се однесуваат за употребата на службениот јазик. Тие во иницијативата навеле: „Наместо да се почитува уставното решение дека службен јазик во Црна Гора е црногорскиот, се избегнува негова примена, па се доаѓа до состојба во Црна Гора да не постои службен јазик, освен како уставна декларација која никого не го обврзува“.
За нив тоа е начин да се заштити службениот црногорски јазик и неговата законита примена во државните институции, особено во образовните институции.
Слично
