Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ВЕЌЕ СОМНЕНИЕ – обдукцијата на Дениса е завршена!

НЕМА ВЕЌЕ СОМНЕНИЕ – обдукцијата на Дениса е завршена!
Заврши обдукцијата на телото што пристигна од Грција, а кое наводно и припаѓа на младата Дениса Маркоска, која исчезна додека работеше на брод. Од Институтот за судска медицина потврдуваат дека повтореното испитување е комплетирано, а резултатите се предадени на семејството на Дениса. „Заради заштита на приватноста и од почит кон семејството, оставаме на семејството да одлучи дали за резултатите ќе биде информирана јавноста“, соопшти кратко Министерството за здравство. Дел од медиумите јавуваат оти анализата потврдила дека телото и припаѓа на младата прилепчанка. Првичната ДНК анализа спроведена во Грција го даде истиот одговор, но родителите на Дениса бараа повторено испитување бидејќи не им веруваа на резултатите. Тие се сомневаа во лошо водење на истрагата во Грција затоа што проверките на грчките власти не дадоа никаков одговор за причините за смртта на младата девојка. Првиот човек на институтот за судска медицина во Скопје Алексеј Дума при почетокот на испитувањето нагласи дека материјалот добиен од Грција не е со задоволителен квалитет, како и дека грчките власти не ја испратиле целата документација од првичното испитување.
Слично

Поврзани вести