НЕМА ВЕЌЕ КВОТИ ЗА ЛЕКОВИ: Ова се новините кои не чекаат од 1 Октомври во аптеките
Здравствените власти ги скроија мерките со кои од следниот месец лекови ќе има цел месец во вкупно 778 аптеки.
Тоа значи дека 1 октомври е датумот од кога ќе престанат да важат квотите со лекови.
За да го земете препишаниот рецепт за лек од матичниот лекар ќе мора да покажете документ за идентификација во аптека.
Имено, Фактор неодамна откри како функционирала шемата со злоупотреба на рецептите со лекови.Друга мерка која здравството ја воведува а чија цел е да се докаже валидноста и веродостојноста на рецептите личните карти при секое купување ќе бидат скенирани од фармацевтите.
Така надлежните сметаат дека Фондот ќе има податоци за рецептите
Она што е новитет а кој како мерка ќе почне после два месеци се електронските рецепти а целта на сите погоре наведени измени се правените злоупотреби со рецепти .
Слично
