Нема веќе интернет обложување во странство – Македонија добива Државна видео лотарија
Државната видео лотарија уште следната недела се очекува да биде впишана како правен субјект во Централниот регистар по што во наредните 60 дена ќе бидат завршени и останатите работи за организација на овие игри. Откако ќе профункционира, ќе се преземат мерки за да се забрани функционирањето на странските сајтови кои нудат вакви игри на среќа.
„Со реализацијата на овој проект ќе се остварат поголем број цели. Ќе има поголема регулација на самиот систем за регулирање на интернет игрите, но она што е поважно е дека повеќе нема да има одлив на значителни милионски суми надвор од Република Македонија. Ќе останат овие средства што се одлевале во државата со што ќе се обезбедат дополнителни средства за спортот, екологијата, здравството и ранливите групи кои во дел се финансираат и од средства кои се собираат по основ на давачки од игрите на среќа“, подвлече Ѓорѓиев.
Според направените анализи, досега од Македонија по основ на интернет игрите на среќа се одлевале по неколку милиони евра секоја година.