Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема веќе гратис превоз за бегалците од Украина

Нема веќе гратис превоз за бегалците од Украина

Во Марибор во Словенија, украинските бегалци останаа без бесплатен јавен превоз и оваа мерка нема да продолжи. 

Бегалците кои најдоа засолниште во оваа општина се разочарани, но градските власти објаснија дека бесплатниот превоз важен до крајот на 2022 година и тоа нема да продолжи.  Додаваат дека Украинците успешно се интегрирани, веќе се навикнати на секојдневниот живот, а со добивањето на дозвола за престој, веќе се вклучуваат на пазарот на труд. Словечката филантропија жали за оваа мерка затоа што сметаат дека ова беше бенефит за бегалците. Жива Габајл смета дека поради укинувањето на мерката, многу од Украинците ќе бидат во неволја, посебно оние кои живеат во оддалечените места. Додава дека интеграцијата е полесно ако луѓето се мобилни и ако можат да отидат до институциите. Сите постари од 65 години имаат прави на гратис превоз и ова важи не само за Словенците, туку и за другите граѓани. Тие имаат право и на бесплатен меѓуградски превоз. 

Во Љубљана и натаму украинските бегалци можат да се возат бесплатно. 

Слично

Поврзани вести