Нема веќе тајни сметки во Швајцарија
Со новата одлука на парламентот, Швајцарија воведе законски податоци за „Aвтоматска размена на информации (AIA)“ на даночните служби со други држави. со што ќе се стави крај на тајните банкарски сметки.
Од друга старана пак, овој закон ги опфаќа само странците што поседуваат тајни сметки. За ,,домашните клиенти”, односно оние кои поседуваат трајна дозвола за престој во Конфедерацијата – виза „C“, тајните сметки и натаму постојат.
На дебатата која се водеше пред гласањето, законот го поддржаа претставниците на банките, лево ориентираните партии и министерката за финансии Евелин Видмар-Шлумф. Тие рекоа дека со овој ,,историски закон”, Швајцарија ќе се бори против затајувачите на данок.
Противници кои не го поддржаа овој закон беа повеќето лидери на најголемата партија ,,СВР” кои рекоа дека на овој начин ,,државата влегува во приватноста на граѓаните и личните финансии”.
Со усвојувањето на законот, швајцарските даночни служби ќе треба активно и спонтано да се вклучат во соработка со колегите од другите држави, а повеќе внимание ќе се посветува не само на поединечни случаи, туку и на сомнителните клиенти.
