Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема веќе регистрација за возила кои испуштаат многу издувни гасови!

Нема веќе регистрација за возила кои испуштаат многу издувни гасови!
Со почетокот на Новата 2015 година стартуваа повеќе закони. Меѓу нив е и обврската за поседување енергетски пасош, со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност предвидени во Законот за енергетика. Од годинава ќе биде забранета регистрацијата за возилата кои испуштаат големо количество издувни гасови, а стапија на сила и неколкуте измените на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за управување со електрична и електронска опрема, задолжителна пререгистрација на земјоделците, а уште неколку други законски решенија се во собраниска процедура. Стапи на сила нов закон со кој се воведуваат построги казни за станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација. Но, не само парични казни, за оние што нема да ги почитуваат одредбите од законот може да се случи да бидат затворени. „За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е превземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови  кај возилата во постапка на регистрација на истите, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила, стои во објаснувањето на законските измени. Нема да се дозволи регистарција на возила кои не исполнуваат услови Дополнително, со законските измени е предвидено дека доколку се контролираат издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација, возилата кои не ги исполнуваат пропишаните услови нема да бидат регистрирани со што значително ќе се намали бројот на возила кои вршат зголемено загадување на воздухот, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми квалитетот на воздухот. Но, наведено е и дека доколку стручниот работник ја потврди техничката исправност на возило спротивно на точно определни одредби од Законот, министерот за внатрешни работи со решение ќе му ја одземе лиценцата за работа на стручниот работник за период од пет години. А истото ќе се случи и ако тоа го направи стручниот раководител. Дел од казните што ќе бидат изречени се речиси двојно зголемени во однос на постоечките, а воведени се и нови.

[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/01/srekna-2015-startuvaa-povisokite-davachki-za-honorartsite/" target="blank" ]Среќна 2015: Стартуваа повисоките давачки за хонорарците![/button]

Слично

Поврзани вести