Нема веќе привилегии за фирмите кои ќе вработат млади до 29 години
Мерката за вработување млади лица до 29 години, денеска завршува. Со неа, од 2014-та година, на фирмите им се даваа голем број на привилегии за да вработат млад кадар.
Ним им беа значително намалени трошоците, односно ослободување од дури 37 проценти од бруто платата за отплаќање придонеси за секое нововработено младо лице до 29 години, во рок од една година.
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов верува дека оваа мерка била од големо значење за младите.
„После две години слободно можам да кажам дека ја постигна својата цел, дека е една од најупсешните мерки кои ја имаме реализирано како МТСП и преку Агенцијата за вработување. Мерката за вработување на млади до овој момент вроди со цели 12.160 вработувања"- изјави Спасов.
Од друга страна, додаде, преку мерката им се помагало и на огромен број компаниите да заштедат средства и да вработат млади лица.
