Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕМА ВЕЌЕ ПОМИЛУВАНИ: Како МВР ќе постапи по повлекувањето на аболицијата?

НЕМА ВЕЌЕ ПОМИЛУВАНИ: Како МВР ќе постапи по повлекувањето на аболицијата?

Засега министерот за внатрешни работи Митко Чавков нема конкретен одговор како ќе се постапува откако шефот на државата ја повлече целосно аболицијата за сите 56 лица кои ги помилува на 12 април.

Чавков вели дека правните служби се тие кои ќе оценат како ќе се постапува понатаму со лицата што работат во МВР, а против истите има кривични постапки.

Началникот на Петтата управа, Горан Грујовски е под Министерството за внатрешни работи и е осомничен за постапката што ја води Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“.

Според СЈО, Грујовски заедно со останатите осомничени уништиле опрема за следење на комуникации со изговор дека е застарена и притоа ја оштетиле државата за 10 милиони евра.

Покрај Груевски, осомничени во случајот „Тврдина“ на СЈО се и други началници, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Осомничените се товарат и за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на службени исправи.
Слично

Поврзани вести