Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема веќе маркирање на палци при изборен процес

Нема веќе маркирање на палци при изборен процес

Уставниот суд денеска одлучи да нема повеќе маркирање на палци при гласањето во изборен процес отфрлајќи ги овие одредби како противуставни.

За време на последните парламентарни и претседателски избори на гласачите, им беше обележуван палецот од десната рака со цел да не се случи граѓанин да гласа повеќе од еднаш. Уставниот суд денеска едногласно донесе одлука со која се укинуваат одредбите од законот кои го предвидуваат ова, што значи дека маркерот се исфрла од употреба за време на гласањето.

- Се смета дека обележувањето на палецот, како на последните избори, не е во согласност со Уставот и дека е спротивно на член 22 став 2 од Уставот, според кој избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање – објаснуваат од службата за односи со јавност на судот.

Одредбите  108 став 2, 108 став 6 и член 108а став 9 се укинуваат со одлуката на уставните судии.

Слично

Поврзани вести