НЕМА ВЕЌЕ ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ: Покрај име и адреса на Избирачкиот список ќе има и …
Претставниците на четирите политички партии, осум дена по пробивањето на рокот, вчера делумно успеаја да постигнат договор за изборниот законик.
Според новото решение ќе се избираат три пратеници од дијаспората во една изборна единица.
Во Македонија пак ништо не е сменето. Ќе се гласа во шест изборни единици со по 20 пратеници.
Како новитет во Избирачкиот список, покрај името и адресата на секој гласач ќе стои и негова фотографија.
Фотографиите ќе се вметнуваат во списокот од базата на фотографии што веќе ги поседува МВР, а ја создаваше при издавањето биометриски лични исправи.
Се очекува овој метод да биде дополнителка алатка кога ќе се идентификува гласачот и ќе претставува заштита од лажни лични карти.
Отворени и нерешени прашања има уште неколку и за истите се очекува постигнување на договор , а власта и опозицијата засега ги сопка и
Како што велат од опозицијата, останале неколку нерешени прашања околу кои требало да се постигне договор, на пример, застапеноста на жените во листите, платеното политичко рекламирање и парите што партиите смеат да ги потрошат по гласач.
Прочитајте ја и оваа статија:
Утврден е изборниот законик, еве како ќе изгледаат изборите во април
