НЕМА ВЕЌЕ ЕФТИНО: Подгответе се за поскап одмор во Грција!
Скокнува данокот на додадена вредност на шест грчки острови, кои се меѓу најпознатите туристички дестинации, соопшти британскиот весник Daily Telegraph.
Грција, која се бори со огромен надворешен долг, беше принудена да ги откаже даночните привилегии поради тешките реформи, барани од меѓународните кредитори.
Тоа значи дека туристите кои одлучуваат да ги посетат овие места, ќе треба да се подготват за поскап одмор, бидејќи цените на одредени стоки како храна и алкохол ќе се зголемат.
Зголемувањето на ДДВ ќе влијае островите Миконос, Наксос, Парос и Санторини од архипелагот Киклади, како и Скиатос и Родос.
Одредени се три различни даночни стапки - 5%, 9% и 16% - кои ќе бидат корегирани, како 6%, 13% и 23%.
Пред неколку дена, грчката влада објави дека најпопуларните туристички дестинации, ќе ги изгуби даночните намалувања, согласно новиот план за економско заздравување на земјата,
Во моментов цените за еднонеделен одмор во четири или пет ѕвездички во хотел на островот Санторини варира помеѓу 1400 и 2000 евра.
