Нема веќе на одмор во Бугарија, плажите во опасност од изградбата на „Јужен тек“
Бугарските власти стравуваат дека со почнувањето на градежните работи за изградба на гасоводот годинава, бучавата од компресорските станици ќе ги избрка туристите, а при изградбата на нафтоводот ќе бидат исечени шумите и загрозени плажите во Варна.
„Јужен тек" ќе излезе во близина на плажата „Паша дере" во близина на Варна. Еколозите истакнуваат дека ќе мора да се сечат шумите, а во сериозна опасност е и една од најубавите најубавите плажи на бугарското крајбрежје, како и заштитените реони Лима и Ракитника, пренесува БНТ.
Не е за занемарување ни дополнителното вознемирување предизвикано од високото ниво на бучава од компресорите кое може да го избрка туристите од регионот, велат екологистите.
За 0вие проблеми ќе се разговара за време на тридневната средба во Варна, на која ќе биде претставен проектот „Јужен тек". Мислењата и препораките ќе бидат опфатени во извештајот за влијанието на гасоводот врз животната средина.
Пред неколку дена од самата компанија која ќе гради гасоводот„ South Stream Transport“, објавија на својата веб-страница извештај за нивните идни чекори. Според документот, подводниот дел на трасата ќе биде граден во четири фази. Трасата во должина од 930 километри ќе тргнува од рускиот град Анапа и ќе поминува низ бугарската и турската економска зона во Црното Море.
Цевките излегуваат крај Варна и по три километри на копно, ќе се вклучат во бугарската преносна мрежа за гас, објаснуваат од компанијата. За да ги заштитат плажите и водите од загадување при евентуални несреќи, цевките ќе бидат закопани во песок на длабочина од 2,5 метри пред да излезат на површината. Во остатокот од подводна рута, цевките ќе бидат поставени директно на морското дно.

Слично