Нема веќе лажги: Кој има кола, нема социјална помош
Преку потпишување на Mеморандумот за соработка, полицијата и социјалните служби ќе ја олеснат електронска и писмена размена на податоци со цел да се олесни пристапот на граѓаните до услугите, но и да се намалат можностите за злоупотреба на државата во случаите кога граѓаните со лажни или нецелосни податоци аплицираат за добивање социјална помош.
Како што појасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, отсега министерствата ќе си разменуваат податоци за документите кои корисниците на социјална помош досега беа должни самостојно да ги обезбедат од МВР и да ги достават до надлежните центри за социјална работа, како потврда за поседување регистрирано моторно возило, потврда за постојано место на живеење, како и потврда за постојано место на живеење во Македонија последните три години пред поднесување на барањето. „За остварување одредено право граѓанинот треба да има приходи под определено ниво, да нема имот на свое име, да не поседува моторни возила,... Но, евидентирани се случаи кога еден од овие услови не бил исполнет, а е доделена социјална помош поради непостоењето директна размена меѓу институциите, односно неможноста брзо да се провери дали документацијата соодветствува на фактичката ситуација. Притоа, некое лице добива права кои не ги заслужува за сметка на друго иако подоцна може ваквото решение да се поништи и да се побара одговорност, објасни министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според неа, ако некој тврди дека нема возило или можеби поседува потврда за тоа со постар датум од периодот кога навистина немал, Минисетрството за труд ќе може веднаш, во истиот момент, да провери дали ваквиот податок е точен или не и соодтвено да постапи. Во насока на комплетно реализирање на едношалтерскиот систем чија крајна цел е олеснување на постапките за остварување и користење права од социјалната сфера, Министерството за труд, освен денешниот меморандуб со Министерството за внатрешни работи, претходно потпишуваше меморандуми за соработка и со Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар, Фондот на ПИОМ, Агенцијата за вработување и со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
Слично
