Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема трага од шестгодишното девојче од Шипковица

Нема трага од шестгодишното девојче од Шипковица
Веќе трет ден од големо невреме во Тетовско, полицијата трага по шестгодишната Дрита Амета од Шипковица која исчезна во водената стихија. Спасувачи со багери и кучиња трагачи се уште се обидуваат да го пронајдат девојчето во урнатините што зад себе ги остави невремето. Од полицијата вчера соопштија дека го пронашле телото на 61 - годишниот старец од Лицес, кој се водеше како исчезнат. Телото било пронајдено во близина на наплатната рампа Тетово - Гостивар, на излезот од Тетово. Во Тетово и денеска е ден на жалост за човечките животи, што ги зеде невремето во понеделникот.
Слично

Поврзани вести