НЕМА ТРАГА ОД ПРАТЕНИКОТ КОЈ ЈА БАРАШЕ ГЛАВАТА НА ЦИПРАС: Каде исчезна Барбарусис кој во грчкото собрание повика на пуч?
Нема ни трага ниту пак глас од пратеникот Константинос Барбарусис кој вчера од парламентот повика на воен пуч.
Барбарусис доаѓа од редовите на Златна Зора а се уште не е уапсен и уште се трага по него.
Како што пренесоа грчките медиуми, Барбарусис и избегал на полицијата со автомобил, а надлежните органи го бараат за велепредавство, но со бегството од вчера ќе се гони и за обид за бегство на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа.
Слично
