Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема тендер за Фероинвест, ЕЛЕМ со нова постапка

Нема тендер за Фероинвест, ЕЛЕМ со нова постапка

АД ЕЛЕМ наверојатно ќе го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за транспорт на кој во козорциум со турска фирма учествуваше компанијата на вицепремиерот Анѓушев. 

Според официјалното соопштение од ЕЛЕМ денешната аукција завршила делумно успешно, бидејќи за 4 од вкупно пет лота е понудена цена повисока од планираната. Прифатена е понудата само за еден лот , која што е дадена од српската фирма Репро-Опрема

„Комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ ќе ја утврди фактичката состојба и во текот на следната недела ќе се изјасни за следните чекори. Една од законските можности е да се прифати понудата која е прифатлива за компанијата, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов.“

Од Фероинвест по завршувањето на аукцијата, тврдат дека компанијата не го добила тендерот, а изнесените дезинформации во јавноста лошо влијаеле на фирмата.

Претходно и премиерот Заев на прес конференција за новите економски мерки им порача на новинарите будно да го следат тендерскиот процес на ЕЛЕМ. 

Слично

Поврзани вести